Голем е бројот на пациенти кои се примаат во болниците, само вчера во болницата „8 Септември“ биле примени петмина пациенти, а на Инфективната клиника во Скопје се примени 13, соопшти министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција и апелираше да се почитуваат мерките за превенција од Ковид-19, да се носат маски и да се одржува дистанца, се со цел да се забави ширњето на вирусот.
-Навистина е голем бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови, голем е бројот на пациенти кои доаѓаат за прием во болниците. Се пополнува капацитетот во сите инфективни оделенија, не така брзо во Скопје, меѓутоа насекаде во државата. Во текот на вчерашниот ден немаше слободни места во Куманово, во Струмица, во Велес и тие пациенти беа препраќани во Скопје. Пет пациенти се примени во „8 Септември“, 13 на Инфективната клиника. Таму има слободни уште десетина места и ја спремаме модуларната болница со цел да се намали притисокот кон болницата „8 Септември“ за да може другите пациенти да добиваат здравствена услуга. Може да се менаџираат болниците, имаме слободни кревети на Инфективната клиника, но целта е овој растечки тренд да го забавиме, рече министерот за здравство.
За модуларната болница, Филипче кажа дека таа е подготвена до Инфективната клиника и дека може да биде ставена во функција, а има и кадар кој е подготвен да ја менаџира работата.
Опремата може уште веднаш да биде ставена во функција. Десетина слободни кревети има на Инфективна клиника, ќе видиме колку исписи ќе има и приеми денеска, но спремни сме. Тука да ги сместуваме пациентите, рече Филипче.
Верува дека овој пакет на мерки, рестрикција, зголемување на ингеренциите на инспекторатите и апелот до граѓаните да се придржуваат до мерките, ќе даде резултат и оти следниот чекор е карантин, што се надева дека ќе биде избегнато.
Следниот чекор е целосен карантин, се уште сме далеку но можно е, рече Филипче.
За новиот пакет мерки, тој вели ќе се разговара уште викендов, а дека редовната седница на Влада е закажана за вторник.
Овие рестриктирвни мерки кои сега се веќе донесени од Владата, има еден пакет што ќе биде предложен на следната владина седница е форма на рестрикција којашто би била дека растот на нови случаи што е тренд насекаде во регионот, и во Европа, ќе гледаме некако да го запреме, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.