Преоден период за менување на докименти им следува на граѓаните со тоа што владата во годините кои се пред нас ќе отвара поглавја за секоја област поединечно.

На прашањата кои „Република“ ги постави до владата не добивме конкретен одговор, односно:

Дали државата ќе се откаже од административни такси при менувањето на документите со промената на уставното име на државата?

Дали ќе биде потребно да се променат и документите како уверение за завршено високо образование и свидетелствата од основно и средно образование?

Кои се докумени со промената на уставното име ќе треба да се променат?

Одговорот од Владата на нашите прашања интегрално ви го пренесуваме:

Почитувани,

Промената на документите, роковите, како и целата постапка ќе биде редовна.

За повеќе информации ве упатуваме да го погледнете член 1 од договорот (став 8, 9 и 10), кадешто роковите се прецизно објаснети. Повелете во продолжение текстот од посочените ставови на член 1, како и линк до целосниот текст на договорот: https://vlada.mk/mkgrdogovor

8. По влегувањето во сила на оваа спогодба, а земајќи го предвид член 1, став (9) и став (10), Страните ќе го користат името и термините од член 1, став 3 за сите намени и цели erga omnes, односно за внатрешна употреба, потоа во сите свои билатерални односи и во сите регионални и меѓународни организации и институции.

9. По влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали.

10. Во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од властите на Втората страна, Страните се согласни да има два преодни периода, еден „технички“ и еден „политички“:
а) „Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа спогодба.

б) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.