На Граничниот премин Табановце во периодот од полноќ до 10:00 часот денеска влез/излез оствариле вкупно 3.234 лица, од кои на влез 1.095 лица, а на излез 2.139 лица, соопштија денеска од МВР.
Претпладнево немаше гужва на ГП Табанoвце, но евидентна беше поголема раздвиженост на автомобили кои се упатуваа кон Србија.
Дел од граѓаните кои патуваат кон Србија потврдија дека патуваат за вакцинација. Еден од граѓаните рече дека аплицирал преку Стопанската комора на Македонија која ја организира вакцинацијата со сродната комора на Србија. Тој, како што изјави, вчера аплицирал за вакцинација, добил електронска пошта, денеска ќе се вакцинира во салата „Чаир“ во Ниш, заедно со вработени од компанија.
Уште една патничка потврди дека ќе се вакцинира преку Стопанската комора, информирајќи дека апликацијата овозможува вакцинација без престој или живеалиште. Трет граѓанин кажа дека ќе се вакцинира во Ниш и рече дека самостојно заминува за вакцинација.
Утрово и АМСМ извести дека има метеж на ГП Табановце и дека се чека 40 минути за излез од државата кон соседна Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.