Во попладневните часови видно е зголемена излезноста на граѓаните на гласачкото место 0543 во Дебар, каде се повторува гласањето.

До 15 часот правото на глас го искористија 400 граѓани што е 51,4 отсто од вкупно запишаните 777. Споредбено со првиот круг излезноста е поголема за 22,6 отсто. На 17 октомври на ова гласачко место до 15 часот гласаа 224 или 28,8 отсто од вкупно запишаните, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.

Изборниот тек, додава тој, се одвива без проблеми и со запазување на мерките за заштита од Ковид-19.

На ова гласачко место, сместено во дебарската гимназија, се повторува гласањето и за градоначалник, за што во трка се тројца кандидати и за советници, за кои кандидатски листи имаат пет политички субјекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.