На Венко Филипче, министерот за здравство не му се допаѓа изборот на македонската докторка Дивна Војновска наместо во Македонија за плата од 330 евра да работи во Суќурај, мало место на хрватскиот остров Хвар. Според Филипче кој дал изјава за Радио Слободна Европа, таа греши.
Војновска беше единствениот кандидат на објавениот оглас за слободно работно место во Суруќај. Таа таму покрај плата и бесплатен стан, од општината ќе има и бонус од 6 728 евра годишно.
Коментирајќи го овој случај министерот вели дека мисли оти изборот не е добар.
Мислам дека начинот не е добар, и веднаш ќе ви објаснам зошто сметам дека не е добар. Станува збор за многу мало место. Ја прочитав објавената сторија, меѓутоа станува збор за некое место кое има многу мал број на жители. Практично капацитетот на таа докторка нема да биде искористен, затоа што нема фреквенција на давање на медицинска услуга, вели министерот Филипче за РСЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.