На минстерот за здравство виновни му се пишувањата на весникот „Ла Верита“ за провизиите и аваните кои биле платени на сомнителна фирма од Хонг која требало да помогне да дојдат вакцините.

“Апсолутно ги отфрлам сите обвинувања кои што овие денови ги имаше во дел од медиумите, дека станува збор за некакви нерегуларни, незаконски постапки, дека станува збор за некакви провизии. Жал ми е дека тоа сето излегува во медиуми кои што се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, нивните сајтови и тоа што излезе во италијанскиот, близок до нив медиум, “Ла Верита” се документи кои што ние навистина ги испративме до многу компании со цел да добиеме што повеќе информации за можностите за набавка на вакцините и во таа смисла и оваа конкретна за 200 000 кинески вакцини од компанијата Синофарм се прави по истите принципи на внимателност” – изјави Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.