Институциите во државава се целосно нефункционални, бидејќи прв и единствен интерес на Зоран Заев и на неговите најблиски соработници е личното богатење, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека тоа е главната причина зошто владее хаос и неизвесност и на две недели до почетокот на учебната година стотици илјади семејства не знаат дали и како ќе се организира наставата.
Состојбата со корона вирусот е загрижувачка. Секојдневно се бележат нови заразени и нови починати. Уште позагрижувачки е однесувањето и рамнодушноста на власта за целовкупната состојба.
Нови кластери се отвораат, како што е состојбата во психијатриската болница во Демир Хисар.
Бројот на активни случаи од 3.021 граѓани заболени со корона е поразителен. Македонија во август месец е високо на рангот на држави кои имаат најголем број на заразени на сто илјади жители со дури 594 случаи, далеку пред дел од земјите од регионот.
Системот на здравството не функционира со СДСМ на власт, состојбите во болниците и начинот на кој се третираат пациентите се мизерни, граѓани кои се негативни се ставаат во самоизолација или во карантин – велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека во многу наврати посочувале дека во примарен фокус реба да бидат мерките за превенција за да може да се стави крај на ширењето на вирусот, но власта со недостатокот од знаење и својата неспособност дозволила вирусот да земе се поголем замав.
Филипче и СДСМ со своите политики не знаат каде тераат, а безидејноста ја гледаме од почетокот на кризата до сега.
Неспособноста за одлучување и превземање на одговорност во грижата за учениците, неизвесноста која се одолговлекува само го зголемува нетрпението кај родителите, и покажува дека Филипче и СДСМ немаат никаква идеја што да прават.
Македонија е негативен пример за регионот и Европа и на врвот на земјите кои неуспешно се справуваат со корона вирусот – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.