На денешната седница на Владата треба да се одлучува за новата продолжена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против Ковид-19 надмине 70 отсто.
Претходно министерот Филипче изјави:
„Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада.
Инаку, вчера Комисијата за заразни болести донесе одлука да не се воведат нови рестрикции во Македонија поради појавата на новиот сој на коронавирусот – омикрон.
СЗО соопшти дека прелиминарните докази сугерираат дека новиот вид на коронавирус носи поголем ризик од повторна инфекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.