На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме.
Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сoнцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет.
Спектакуларен примерок на ѕвездата е ископан во 1977 г. за време на археолошки ископувања во Кутлеш, Егејска Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос кај с. Кутлеш во околината на Постол. Тој го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на Античка Македонија, која сметал дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски.
Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија.
Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.
Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.
Официјалниот опис на првото знаме на Македонија гласел:
Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Пречникот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на пречникот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.