Александар Пандов го повикува Обвинитекствот на Вилма Рускоска да отвори истрага за провизиите за кинеските вакцини. Тој нагласува дека Антикорупциска веќе го сторила тоа, а и претседателот на државата повика да се испитаат тврдењата на „Ла верита“, но од Обвинителството нема реакција.

Обвинителке Рускоска, што чекате? Го слушате ли, допира ли до вас гласот на народот? Ене претседателката на ДКСК Ивановска веќе отвара постапка! И на Стево нешто баш не му е јасно со набавките на вакцини од Кина, па повикува да се проверат тврдењата на ,,Ла Верита“.
Иначе да ви кажам дека на сите останати, поточно на цел народ му е јасно дека Венко Филипче и Зоран Заев, додека Македонија е во сред пандемија и со најголема смртност во свет, економија падната на колена, уплатиле 12.000.000 милиони евра, мој, твој, наши народни пари, на фантом фирми од кој половината и повеќе им биле за во џеб!
Што треба народот да направи, од кого да ве потсетам вие земате плата, да дојдеме да протестираме пред обвинителство за вие и Јовевски да се разбудите од зимски сон? Народот од вас очекува час поскоро да ги повикате Заев и Филипче во обвинителство и веднаш да покренете обвинение против овие криминалци!!!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.