Договорот за пријателство и добросососедство со Бугарија ќе се менува дефинитивно. Она што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски го објави се покажа како точно. Борисов не е задоволен од она што го потпишаа во 2017 година тој и неговиот пријател Зоран Заев во пресрет на Илинден.
По историските личности како Гоце Делчев, цар Самуил, св. Наум и Климент, како и негирањето на македонскиот јазик, сега на Бугарија ѝ пречи и новото име на државата „Република Македонија“, кое го добивме со Договорот од Преспа.
Конкретно, на Бугарија ѝ пречи тоа што терминот „Македонија“ може да се поистоветува со историскиот регион „Македонија“ а со тоа и нашата земја да има територијални претензии кон Бугарија.
Министерот за надворешни работи вели дека немаат проблем тоа да се регулира со анекс само да се удоволат барањата на Бугарија и да не го блокира почетокот на преговорите со ЕУ.
Во Софија разговаравме за сите прашања и за Договорот, при што констатиравме дека има разлики во очекувањата. Затоа се договоривме да се формираат работни групи од двете министерства за надворешни работи, кои на дневна основа ќе разговараат во однос на различните толкувања и дилеми. Мислам дека ние немаме проблем да направиме дополнително објаснување до бугарската страна дека новото име е во употреба, како и долгото, така и краткото, меѓутоа и краткото (Македонија) и долгото, претставуваат иста територија, а тоа е Република Македонија. Ако краткото име предизвикува загриженост во Република Бугарија, дека некој тоа може да го интерпретира како територијална претензија на историскиот регион Македонија, мислам дека ние немаме проблем да направиме дополнително објаснување до бугарската страна, изјави Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.