На Бучковски му пречи србизацијата во Македонија, но не и бугаризацијата

Македонија 07.12.2021 / 11:45

Процесот на србизација, како што вие го нарекувате, траеше долго, изјави за БГНЕС специјалниот владин претставик за надминување на недоразбирањата со Бугарија, Владо Бучковски.

-Македонија е независна веќе 30 години. Но, да не заборавиме дека од 1941 до 1991 година бевме дел од Југословенската федерација. Свесни сме дека работите не можат да се променат преку ноќ, рече Бучковски.

Тој, Договорот за пријателство го видел како дополнителна можност за исправање на дел од неправдите што политичарите им ги нанеле во изминатиот век на двата најблиски народи во овој дел од Европа.

На прашањето зошто Македонија се обидува да го смени идентитетот на починатите лица кои тврделе дека се Бугари, Бучковски вели дека дел од проблемот што го имаме е почитувањето на нашето заедничко минато.

-Тешка битка е, но ќе победиме. Ова им го должиме на генерациите од минатото кои заедно градеа мостови. Така вели нашиот договор: заедничката иднина треба да биде наш мост. Сето тоа го правиме за идните генерации, вклучително и препрочитување на историјата, барање заеднички настани и личности кои не поврзуваат, усогласување на учебниците. Ова е дел од пакетот што се преговара и македонската страна има предлог решение, изјави Бучковски.

Врз основа на ова, со градење на оваа доверба, според него, многу побрзо ќе се справиме со навредите нанесени од поединици.

-Ова не е официјална политика на нашата држава – да правиме инциденти кои предизвикуваат штета. Државата е подготвена да реагира за да не се повторат слични работи кои се забележани во последно време по блокадата на Бугарија, која всушност доведе до замрзнување на односите, кои во 2017 година беа во подем, изјави главниот преговарач на македонската влада.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.