На адресата во Ќустендил на која се наоѓа седиштето на фирмата „Беса Транс“ се регистрани уште 23 македонски фирми, објави бугарската телевизија БТВ, повикувајќи се на проверка која нивните новинари ја направиле во Трговскиот регистар.

Седиштето на оваа и на останатите македонски фирми е всушност е стан во зграда во кој при проверката на екипата на БТВ живее возрасна болна жена. Таа на новинарите им рекла дека нејзиниот син работел во фирмата пред 10 години, но оттогаш нема ништо со неа.

Пред седиштето на „Беса Транс“ во Скопје од утрото се распоредени полициски службеници. Роднина и пријатели на патниците се пред просториите на агенцијата „Беса транс“ очекувајќи информации во каква состојба се нивните блиски и познаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.