Во Археолошкиот музеј на Република Македонија денеска беше одбележан јубилејот 95 години од официјалното основање на оваа институција – 1 април 1924 година.
– Од тие години започнало собирањето и згрижувањето на предметите кои станале дел од музејските збирки и кои до денешен ден се центарот на музејскиот свет. Се менувале имињата на институцијата, се вршеле преселби од зграда во зграда. Постарите колеги доаѓале, па си заминувале во пензија, доаѓале помлади колеги, но музејските предмети се тие што се сржта и суштината на овие 95 години, изјави директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова.
Пред неколку денови премиерот во заминување најави дека името на музејот ќе биде променето и ќе го носи новото име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.