Собранието и натаму не објаснува зошто сè уште не е објавен јавниот конкурс за избор на народен правобранител. Алсат објави дека со месеци бараат објаснување, но не е познато зошто законодавниот дом ја заобиколува оваа обврска. Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Костадин Костадинов вели дека надлежен за објавување на огласи е претседателот на парламентот, од чиј кабинет продолжуваат да молчат.

Вториот мандат на сегашниот народен правобранител, Иџет Мемети истекува на 24 декември. Според законот за народен правобранител, Собранието има законска обврска да започне постапка за избор на „омбудсман“ и неговите заменици, три месеци пред истекот на нивниот мандат.

Ова значи дека Собранието требаше да ја започне постапката за избор на новиот народен правобранител и неговите заменици најдоцна до 24 септември. На една од неформалните средби на претседателот на Собранието Талат Џафери со новинарите, тој изјави дека конкурсот ќе биде објавен кога ќе има договор меѓу политичките партии. Сè уште не е јасно зошто е потребен политички договор за аполитичка функција?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.