Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница донесе Роковник за предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и на Општина Штип што треба да се одржат на 13 декември оваа година.
Според Роковникот, Јавниот увид во Избирачкиот список започнува на 17 октомври и завршува на 5 ноември. Кандидатурите за градоначалник треба да се достават најдоцна до 7 ноември. Изборната кампања започнува на 21 ноември, а ќе заврши на 10 декември. Доколку има втор круг, изборната кампања ќе заврши на 24 декември, а изборниот ден ќе биде на 27 декември.
ДИК го усвои и Упатството за гласање на лицата во домашен карантин поради позитивен тест на ковид-19 или на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ). Комисијата ќе поднесе и барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) за ажурирање на Избирачкиот список, како и барање до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за доставување на податоци за дополнување на избирачките одбори.
ДИК го усвои и Упатството за начинот и постапката за утврдување за просечна постигната цена и најниска цена за политичко рекламирање.
Предвремените избори во Штип и Пласница следат откако досегашните градоначалници преминаа во извршната, односно законодавната власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.