Царовска без компас, на 10-тина дена пред почеток на учебната година не ги информира граѓаните како ќе се одвива наставата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни три одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настава онлајн. На десетина дена пред почеток на учебната година ниту родителите, ниту наставниците па ниту на учениците не им е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование. Учебници за останатите одделенија, но и за средните стручни училишта кои не се по новата Концепција исто така нема, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.