Власта сепак уплатилa пари на сметката на „Старби“, кинеската фирма која требало да биде посредник во набавка на кинески вакцини, откри на денешниот брифинг претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според документите кои ги поседува, уплатени биле 7.8 милиони долари, поточно 65 долари по вакцина. Како уплаќач на парите е заведено Министерството за здравство.
Трансакцијата е направена, а дали парите се вратени назад не знаеме, вели Мицкоски.
Скандалот со набавката на кинеските вакцини преку сомнителна фантом фирма, поради што и беше запрен процесот од страна на Кина, пукна уште во март, но засега сè уште нема постапки ни од Антикорупциска ни од ОЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.