Седумгодишното дете кое починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус, додека на вработениот лаборант од клиниката кој е заболен од Ковид-19 земена му е епидемиолошка анкета, информираат од Министерството за здравство.

На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус.

Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на Ковид-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус- стои во соопштението од МЗ.

Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од КОВИД-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт.

– Утре ќе се земат и втор дел од анкетите. Тие најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот, информираат од Минстерство за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.