Молк од институциите за тоа како завршуваат инспекциските надзори за лекувањата на Ковид болните пациенти. Здравствениот инспекторат иницирал триесетина вонредни надзори, но за епилогот никој не зборува. Во меѓувреме се почесто млади луѓе се жртва на корона вирусот, а родителите сами започнуваат истраги, објави Телма.
Од почетокот на пандемијата државниот инспекторат добил 28 преставки со сомнеж во начинот на лекување на ковид позитивните пациенти. За сите веднаш е постапено и инспекторите направиле вонредни надзори. И толку. Од инспекторатот велат дека за сите до Министерството за здравство иницирале и стручни надзори, но нивните ингеренции завршуваат тука.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.