Македонија по се изгледа ќе добие вакцини и пред март, односно во февруари откако беше постигнат дооговор со Фајзер, додека следниве денови ќе се знае и количината соопшти министесртвото за здрваство.

Како што велат од министерството за здравство Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцина, а  следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април.

Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата, стои во соопштението на МЗ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.