Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид 19, од прозиводителот „Фајзер“, а првите 5.850 ќе стигнат во февруари, соопшти Министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, велат од Министерството за здравство.
Од МЗ додаваат дека Македонија навремено почнала со подготвоките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.
Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а тие во нашата земја ќе пристигнат месецов. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер, соопшти МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.