Министерството за здравство информира дека сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Sars Cov-2, Ковид-19.
Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1800 теста, од кои само 1310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот.
За потсетување, на почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор. Со ова значително се забрза процедурата за земање брисеви за Ковид-19 и се зголеми бројот на тестирања на дневна основа во оваа установа, но и во ЦЈЗ Скопје.
Есенскиот бран ги полни лабораториите, но и болничките капацитети. Министерството за здравство апелира на одговорност од страна на граѓаните и почитување на мерките за заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.