Класична дезинформација е дека нема пасоши и лични карти. Патни исправи од сите типови има во доволен број и се одговара на сите барања на граѓаните, кои се во енормно зголемен број поради тоа што граѓаните во претходниот период не ги обновувале документите затоа што поради ковид кризата и границите беа затворени.

Со цел побрза услуга на граѓаните, продолжено е работното време и воведено е и работење во викенд.

Има мал застој во издавањето на одреден тип на возачки дозволи, но деновиве се очекува да пристигне пратка со обрасци, со што ќе се надмине и овој застој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.