Повеќе граѓански здруженија за утре најавуваат протести пред Собранието на Република Македонија во одбрана на како што велат, македонскиот идентитет и држава.

Министерството за внатрешни работи веќе се подготвува за протестите, а дека полицијата веќе за почнува со „чистење“ на просторот околу законодавниот дом потврдува и известувањето испратено до Министерството за транспорт и врски, кое се наоѓа во непосредна близина на Собранието, објави Курир.

Ве известуваме дека на ден 9 јануари, 2019 година (среда) поради потреба на Министерството за внатрешни работи нема да може да се користи паркинг просторот пред Министерството. Ве молиме за задолжителна примена на Известувањето, стои во тектот на известувањето потпишано од државнот секретар во Министерството за транспорт и врски.

Утре, на 9 јануари, во Собранието започнува третата и последна фаза за промена на Уставот, според договореното за името со Грција, за што е потребно двотретинско мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.