МВР потврди дека вечерва извршиле претрес кај тројца полициски службеници поради сомнение за оддавање службена тајна.

На 28.05.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваа по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ. Извршени се и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот – велат од МВР.

Претходно беше објавено дека Александар Јанев, поранешен началник за оранизиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран криминал се осомничени и приведени поради оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот.

Приведени двајца полициски функционери за оддавање службена тајна во аферата „Рекет во РЕК Битола“ – Република (republika.mk)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.