Министерството за внатрешни работи нема технички можности/опрема за видео и аудио надзор на Сашо Мијалков додека е во куќен притвор, објави „А1он“, повикувајќи се на официјална информација од министерството. Според одговорот од МВР, Мијалков не носи ниту електрична алка за ГПС-следење. Наместо тоа, дознава „А1он“, екс-шефот на УБК, во објектот на Водно, го чуваат околу 20 припадници на полицијата.

На Мијалков му е одреден куќен притвор со 24- часовен аудио и видео надзор. Вчера, пак, медиуми известуваа дека при пренесувањето во притвор на Водно, Мијалков на раката имал алка за електронско следење



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.