Министерството за внатрешни работи негира дека автобусите кои тргнаа за Охрид на митингот на ВМРО-ДПМНЕ се испраќаат на вонредни технички прегледи за да не пристигнат во Охрид.

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лажните вести што вечерва ги шират одредени интернет портали за наводни блокади и вонредни технички прегледи на автобуси кои носат симпатизери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Охрид. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за класични лаги и манипулации. Ниту има блокади ниту било какви технички прегледи туку станува збор за класична лага, стои во реакцијата на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.