На жалбите од верници од ИВЗ дека полициски службеници ги замолувале да немаат молитви за празникот Рамазан Бајрам, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев со став дека Координативното тело при МВР донело одлука припадниците на МВР превентивно да делуваат во насока на спречување на било какви поголеми собири или кршење на мерките.

Министерот Чулев ја пофали денешната превентивна акција на струмичката полиција за делење маски и ракавици и додаде дека такви акции МВР секојдневно реализира.

Постапувањето на МВР беше во насока да им се укаже на припадниците на верската заедница, односно на свештениците, да постапуваат согласно одлуките и мерките на Владата, а не да не се одржуваат верски молитви, туку сите тие молитви да бидат правени согласно мерките и одлуките на Владата. Значи, Министерството за внатрешни работи во никој случај не би сакало да врши притисок врз верските заедници во нормално извршување на нивните верски обреди, рече Чулев за време на дешната посета на Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.