Според проектот на „1X2STUDIO“ од Белград, на чело со архитектот Зоран Абадиќ, во Прилеп е изграден „Business Continuity and Disaster Recovery Data Center“, кој обезбедува континуитет во работењето на ИТ-системите во функција на работата на Министерството за внатрешни работи, пренесува српскиот портал „Градња“.
Основната цел на проектот е да се обезбеди заштита на опкружувањето на објектот и на опремата (како и сите информации и софтвери) од кражби, вандализам, природни непогоди (вклучувајќи земјотреси), предизвикани катастрофи, тероризам и неочекувано оштетување од електрични напони, екстремни температури и слично.
Објектот се наоѓа 2 километри североисточно од центарот на Прилеп, а основната функција на објектот е да обезбеди безбедно сместување на компјутери, складишта и мрежни уреди, енергија за нивно одржување, контрола на температурата за работа, како и поврзување со други уреди внатре и надвор од него.
Централно јадро
Зградата е поделена на два дела – кружен прстен за сместување техничка опрема и инсталација, и централно јадро на сервер-соба. Кружниот прстен е исполнет со простории за механички инсталации, електрични и телекомуникациски инсталации, вклучително и просторија за провајдерот. Остатокот од просторот во објектот е за сместување на вработените (техничари, оператори, обезбедување) кои гарантираат полно работно време на дата-центарот 24/7.
Пристапот за возилата е од внатрешните улици околу објектот, од кои е обезбеден пешачки пристап до влезот за вработените преку платформи за утовар и влезовите во службата на техничките простории. Платформата за утовар и пристапната внатрешна улица околу објектот се елементи на архитектонскиот дизајн како што е и пејзажот, зафатена со периметар на заштитната зона околу објектот со пречник од 100 метри.
Соба во соба
Сервер-собата е дизајнирана како соба во соба и обезбедува највисоко ниво на физичка заштита, а со тоа и спречува ризици. Вградените системи обезбедуваат сеопфатна заштита и како такви, мултифункционална безбедност на бекап и сервер-системите, мрежните компјутери и комуникациските системи.
Армирно-бетонски sидови
Основата на објектот ја сочинува двојна бетонска конструкција од масивни армирно-бетонски ѕидови, чие исполнување е од високоефикасен изолациски материјал, а со цел највисок степен на заштита од пожари. Сите елементи на структурата на објектот – ѕидови, тавани и покрив – немаат никаков отвор.
Под постојан надзор
Во согласност со основната намена, овој објект бара одржување 24/7/365. За време на одморите и отсуствата, потребни се 5,5 лица за регуларно одвивање на една работна смена во траење од 24 часа, 7 дена во неделата. Бројот на вработени во објектот, на позицијата техничар е 2, мрежен оператор 2+2, вооружено обезбедување 2, а надвор од објектот 19 – на позиција вооружено обезбедување 5, на локација 2, на пријавница 2, во зоната на периметарот приближно 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.