Во финишот на кампањата премиерот Зоран Заев почна да обвинува луѓе кои имаат пасоши на други држави посочувајќи ја кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска.
Замислете, Заев обвинува некого дека има пасош на друга држава иако за тоа не постојат никакви докази туку само невешто изготвени документи на фотошоп.
За разлика од тоа, изминатава година беа понудени конретни документи дека Заев и МВР дале македонски пасоши и лични карти на десетина белостветски и балкански криминалци и нарко босови.
Да почнеме со ред
Најголемо внимание предизвика Седат Пекер од Турција. Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево.Пекер во Македонија воопшто не се криеше и се шеташе на Матка, низ Кејот а се фотографираше со членови и активисти на СДСМ а за него беа и обезбедени и автомобили со флешери за побрзо да се пробива низ гужвата.
Во Црна Гора владеат два клана Кавачки и Шкаљарски.Заев и МВР не ги делеле и на двајцата нивни водачи им доделиле македонски пасош.
Јовица Вукотиќ од Шкаљарците самиот во судот во Белград призна дека има македонски пасош на име Георги Андонов и за него платил помеѓу 15 и 25.000 евра. Со него беше и уапсен во Анкара Турција.
При апсењето тој тврдеше дека пасошот е најрегуларен и тоа е точно.Тоа се нормални пасоши на луѓе кои навистина постојат но никогаш не аплицирале за пасош и на кои само е вметната фотографија од криминалците.
Со македонскиот пасош низ светот се крие и водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер за кој се претпоставува дека е некаде во Јужна Америка. Звицер едно време се криеше во Украина каде едвај спаси жива глава.
Како егзекутор на Кавачкиот клан е познат Стефан Ѓукиќ кој исто така доби македонски пасош и стана Каче Герги.
Македонски патни исправи добиле и Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ од Шкаљарскиот клан кои во 2020 година беа изрешетани во ресторан во Атина.Тие во 2018 година станаа Горан Тасевски и Емил Филипов но нашите патни исправи не ги спасија од одмаздата на Кавачкиот клан.
Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија Ндрангета.
Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.
И како за финале пред неколку месеци беше откриено и дека Луис Волина, косовски нарко бос беше фатен во Шпанија со македонски пасош и осуден на пет години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.