До целосната промена на сите документи МВР веќе почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата „Република Македонија”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име „Република Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по кој било основ престојуваат во државата. Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Македонија – соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.