Со своето јавно признание дека платил 300 илјади евра за посредништво за деловни проекти кои сакал да ги реализира во Македонија црногорскиот тајкун, Миодраг Давидовиќ-Дака, самиот се инкриминира во можен корупциски скандал што е причина за негово истражување од страна на македонските институции.

Откако јавната обвинителка Вилма Русковска им даде зелено светло на министерот Наќе Чулев и полицијата да бараат докази за криминал кој потекнува од аудио „бомбите“ емитувани преку Јутуб каналот, Црногорецот може да биде уапсен при влез во Македонија.

Една од индициите дека Давидовиќ- Дака е дел од криминална шема е фактот што тој во јавната реакција самиот признава дека на Зоран Милевски – Кичеец му платил 300 илјади евра за консалтинг, посредување, застапување и преговарање за бизнис проекти во Македонија.

Според Централниот регистер во Македонија Зоран Милески Кичеец нема регистрирано фирма за ваков вид на дејност (консалтинг, посредување, логистика и застапување) што може да значи дека црногорскиот бизнисмен парите ги дал на рака што пак според македонските закони е незаконско дејствие.

Во ова поведение во кое Дака самиот го признава во јавната изјава има најмалку две индиции за кривичните дела: едното е „трговија со влијание“ (затоа што како што се слуша од аудиото Милески му договара средба со Заев а подоцна се споменува и генералниот серетар на владата Рашковски). Второто потенцијално дело е перење пари затоа што ако нема прецизен заверен договор меѓу два правни субјеки и банкарски трансакции од кои се гледа за што точно Дака му дава пари на Милески тогаш парите се трансферирани на нелегален начин надвор од македонските законски канали, пишува порталот Експрес.мк.

Во изјава за 360 степени Дака ги објаснува своите ставови за објавената аудио бомба за која вели дека се е чисто и не го објавува договорот со кој тој стапува во формално – правен однос со Кичеец.

Погоре наведените информации и индиции и изјавата на Русковска се доволна основа за МВР да го гони Дака при обидот за влез во Македонија, да го покани да дојде на информативен раговор во МВР или да побара црногорските власти да обезбедат негово учество во случајот кој е извесно дека ќе биде отворен пред македонските правосуднни органи.

Една од мерките кои македонските власти може да ги преземат во текот на постапката за да го обезбедат неговото учество во расчистување на случајот е замрзнување на целиот имот, банкарски сметки и финансиски трансакции на фирми и имоти што Дака го поседува во Македонија.

Дака важи за еден од најбогатите балкански тајкуни близок со врвот на СПЦ и со блиски врски со Кремљ. Во Македонија според неговата изјава поседува огромен имот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.