И во изминатото деноноќие со несмален интензитет продолжија активностите за гаснење и превенирање на пожарите на целата територија од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи каде што беа ангажирани околу 616 полициски службеници, 224 мото-патроли и 189 возила, соопштија од МВР.

Полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и граничната полиција учествуваа и во спасувачката акција над село Разловци – Врв Чокалица на 1.400 метри надморска височина. Граѓаните не се сами сите сме со нив!, порачаа од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.