Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски денеска е следен од возило на МВР, застанат, како што вели, без образложение и земени му се документи. Со полициска придружба со ротациони светла возилото на градоначалникот на Куманово, кој овие избори оди како независен кандидат е однесено на технички сервис.
Од полицијата за Слободен печат изјавиле дека станува збор за редовна контрола на возила и дека законот важел за сите дури и за кумановскиот градоначалник.
– Патрола од сообраќајната полиција во Куманово го запрела возилото со кое денеска се превезувал актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски поради непрописно затемнети прозори на возило, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.