Од минитерството за внатрешни работи негираат дека вршеле притисок врз актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат за нов мандат, Максим Димитриевски.

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите и дезинформациите што ги шири градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, дека МВР и министерот Спасовски вршат притисок врз општината.

Таков притисок апсолутно не постои, ниту кон оваа ниту кон било која друга општина. МВР во своето работење постапува исклучиво во согласност со законите и своите надлежности.

Во конкретниот случај е постапено од СВР Куманово по претходно добиена пријава. На 25.09.2021 во СВР Куманово било пријавено дека во населба Карпош незаконски се изведуваат работи. По добиената пријава, од страна на полициските службеници од СВР Куманово биле преземени мерки и извршен увид на самото место – се наведува во реакцијата од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.