Музичарите денеска излегоа пред Владата и побараа да може по 15 месеци да почнат со работа и да се укине забраната за настапи во угостителски објекти.
Петар Младеновски од Управниот одбор на Здружението на музичари „Музика сега“, познат како Пеце од „Суперхикс“, изјави дека треба да се дозволи работа на сите оние што настапуваат, не само на свадби, туку и на сите што настапуваат во угостителски објекти бидејќи, како што истакна, протоколи веќе постојат.
Забраната за настапување на вакви места е на сила и нема никаква логика. Треба да биде час поскоро укината – истакна Младеновски.
Од Здружението прашуваат кои се лиценцираните музичари кои ќе можат да настапуваат на свадбените прослави.
И тоа најмногу не збунува бидејќи лиценцирани музичари во оваа држава не постојат. Ниту има Комора која би ги застапувала и би ги издавала лиценците, ниту здружение кое тоа го прави и бараме одговор на ова прашање, на ова нејаснотија – изјави Младеновски.
Тој додаде дека уште минатото лето имаат доставено протоколи до Владата и до сите релевантни фактори за настапи во локали.
Младеновски истакна дека преку Здружението праќале соопштенија, давале изјави, имале средби, разговори, преговори и додаде оти имаат доставено барања и протоколи за сигурност при работа на музичарите. Според него, досега само мал дел опд нивните барања се ислушани и уважени и очекуваат во најскоро време да им биде дозволено да работат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.