Аналитичарот Алберт Муслиу во вечерашнoто гостување во Отвореното студио на Алфа, упати порака до политичарите каде што ги охрабрува да ги зголемат казните за изборен криминал.

Денеска слушнав еден интересен и добар повик на Комисијата за спречување на корупција. Укажаа таксативно кои работи не се дозволени за време на кампањата, посебно за користење на државните ресурси во кампањата, се надевам дека ќе останат на тоа да реагираат на сите злоупотреби кои можат да се случат.Јас би ги охрабрил и опозицијата и власта да ги зголемат уште повеќе казните за каде се крши изборниот законик. Нека инсталираат механизам со кој ќе мора да реагираат институциите. Можеби судството реагира по налог на власта, но работа на стар табиет е тука, вели Муслиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.