Нарекувајќи го криминалец и прашувајќи дали е тој нарачател на „27 април“, експратеникот Крсто Мукоски му возврати на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој го спомена коментирајќи ги настаните во САД.
Мукоски за „А1он“ вели дека тој и другите пратеници го издржале својот дел за она што го сториле, а прашува зошто Милошоски не одговара за тој настан.
Иако криминалецот Милошоски не заслужува одговор, ќе го потсетам дека токму тој, лично, беше споменуван од сведок во судскиот процес дека ги насочувал луѓето во прес-салата и им кажувал: „Качете се, горе е Заев“. Од каде ја имал информацијата и со кого се координирал? И ќе го прашам, дали тој лично е нарачател на „27 април“? Дали тој се залага за помирување и слобода за сите луѓе што учествуваа во тој настан или тој го осудува и ги оправдува овие пресуди? Зошто лично не учествуваше во изготвување на Законот за амнестијата, а беше понуден, и тој го гласаше за сега злобно и безлично да критикува? Иронија и лицемерство до бескрај. И на крајот, Крсто Мукоски и другите го издржаа својот дел за она што несвесно и без зла намера го сторија, но прашувам дали тој и таквите како него ќе одговараат за тој настан?, вели Мукоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.