Бугарија воведува нова стратегија во преговорите со Македонија, а тоа значи дека историските и идентитетски прашања ќе останат во втор план, а главниот фокус ќе биде ставен на соработката во економијата, образованието и информациите, вели во интервју за Радио слободна Европа, претседателот на Советот на амбасадори Мухамед Халили.

Сум ја студирал оваа проблематика и сметам дека одиме по еден друг пат сега, бидејќи првиот пат изгледа дека не даваше резултати. И Бугарите веќе фатија една друга насока на патот, а тоа е дека во втор и трет ред ги оставаат историските прашања, а прашањата за соработка во економијата, образованието, информациите и социјалата доаѓаат во прв план. Тоа во суштина е една копија на договорот меѓу Франција и Германија, склучен во 1963 година, каде што со цел да се ублажат тие вековни разлики меѓу Германија и Франција, државите се договориле во иднина акцентот на соработката да го стават во овие сегменти. Според оваа концепција сега е направена концепцијата за соработка меѓу Македонија и Бугарија. Таа концепција меѓу тие две основачки на ЕУ ги дала резултатите, тоа е една соработка на подолг рок, а не ад хок решение за барање на етничкиот бекграунд на овој или оној. Тоа се разбира за малку ја одложува нашата надеж дека за брзо време ќе се отворат преговорите со унијата и дека брзо ќе се одржи меѓувладината Конференција ЕУ – Македонија, но тоа што е најважно и тоа што ни го сугерираат странските амбасадори тука е дека ние не треба премногу да се фокусираме на несогласувањата со Бугарија, заборавајќи ги домашните проблеми како што се борбата против корупцијата, организираниот криминал, нереформираното судство итн, вели Халили.

Целото интервју овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.