Здравата животна средина и почистиот воздух се нужни и се еден од приоритетите на проектот „Обнова“, посочи денеска кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и меѓународен секретар на партијата Тимчо Муцунски.
Со проектот предвидуваат:
》Еко мерки за сообраќај во функција на чиста животна средина,задолжителни паркинг места за електрични возила, полначи за електрични возила на секоја бензиска пумпа со 50% субвенционирање на трошоците за инвестирање.
》Набавка на нови електрични возила, мопеди и велосипеди за разнесувачите за достава на пратки
》Субвенции за купување на велосипеди и електрични тротинети за сите млади во Македонија, изградба на велосипедска инфраструктура
》За цел намалување на емисиите од транспортот и почист воздух, субвенции за такси превоз и јавен транспорт без емисија на цврсти честички и бучава
》Поддршка за локалните самоуправи за изградба на зони на смирен сообраќај
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.