Резултатите од изборите се јасни, време е за влада која ќе работи реформски, изјави секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Резултатите од изборите беа кристално јасни во тоа каде граѓаните го даваат легитимитетот. СДСМ и господин Заев, премиерот во заминување и во оставка претпоставувам, бидејќи гледам се предомислува често ја претворија кампањата во референдум за национални политики и во таа смисла доблесно е да се реализира тоа што е ветено, односно оставката да се ефектуира и да се остави простор за влада која што ќе работи реформски – рече Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање околку можноста за пад на Владата, на заедничката прес-конференција со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Според него, резултатите од изборите покажале дека изминативе четири години сме имале „антиреформска влада“. – Време е за влада која работи во насока на вистински реформи, додаде Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.