За ВМРО-ДПМНЕ приоритет се интересите на граѓаните и волјата на граѓаните изразена на референдумот кој беше организиран пред официјализирањето на Преспанскиот договор, изјави на новинарско прашање Тимчо Муцунски, кој е меѓународен секретар на партијата. Стратегиски приоритет на ВМРО-ДПМНЕ беше членството во НАТО со заштита на нашиот национален идентитет, а сега и членството во ЕУ, додаде тој.
Извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе бидат изложени на санкции сите кои ги загрозуваат Охридскиот и Преспанскиот договор нема да го промени ставот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата и нагласуваат дека за нив приоритет се интересите на граѓаните и дека е право на секоја држава како ќе ги заштитува своите стратегиски интереси. Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски потсетува на референдумот кој беше организиран пред официјализирањето на Преспанскиот договор.
ВМРО-ДПМНЕ ја признава волјата на граѓаните, токму тоа што народот го има кажано и ние ќе дејствуваме во насока на тоа што е стратегиски интерес на македонските граѓани, односно согласно народната волја искажана на референдумот од 2018 година – рече Муцунски.
Oд партијата нагласуваат дека извршната одлука на Бајден не се однесува само на Охридскиот и Преспанскиот договор, туку дека акцентот е ставен на корупцијата и на нејзините носители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.