Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Тимчо Муцунски, на вечерашното обраќање пред граѓаните во Центар, истакна дека власта зборува за образ и правда, а една од нивните амнести беше ослободувањето на 850 криминалци да ги ограбуваат становите во Центар.
Носителот од СДСМ во Првата изборна единица, зборува за образ. Веројатно кога го променил партискиот дрес се збунил, а сега зборува за некаков образ, вели Муцунски.
Муцунски додаде дека за да зборувате за образ и за правда, треба да сте свесни дека политичката партија СДСМ која велеше нема правда нема мир на 50-тина метри од тука во период од три години даде три амнестии.
Првата амнестија со која што ослободи 850 криминалци и ги пушти на нашите улици за да ги ограбуваат нашите станови и да има се повеќе дрога по нашите улици. Втората амнестија за оние кои ги отворија портите за уставните измени спротивно на вашата волја им беа најголеми непријатели и причина зошто протестираа, сега им се во коалиција. Третата амнестија со тој фамозен закон за обвинителство, со кој што сакаат себе да се ослободат од одговорност, потенцираше тој.
Муцунски додаде дека народот е обесправен, народот е се по понижен, а тие зборуваат за образ.
Муцунски говореше исто така за намалување на даноците, за враќање на младите, за зголемување на платите, создавање на нормални услови за деловниот сектор, елиминирање на секаков вид на корупција од иснпекција до царина, до судство и потенцираше дека власта ништо не сторила, дека сега доаѓа ера на чесни луѓе коишто немаат концесии и луѓе коишто не се зависни од политиката, тоа ќе ја исправи Македонија.
Муцунски им се заблагодари за целото членство на ВМРО-ДПМНЕ, и рече дека поддршката сега е повеќе од нужна за да се извојува победа за нови реформи за обнова на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.