Се наоѓаме во крајна фаза на подготовка за локалните избори.Во следните неколку недели ќе бидат познати скоро сите кандитати за градоначалници.Работиме и на партиска програма која треба да донесе големи промени во општините. Тој бара од граѓаните да си го постават прашањето што нивниот градоначалник направил за општината со оглед на тоа што власта има убедливо мнозинство.

Речиси сите градоначалници не успеаја да направат промена во своите општини.Затоа ние ќе одиме со позитивна кампања, добри кандидати, кредибилни и почитувани луѓе, професионалци кои ќе бидат поддржани од одлични советнички листи и програма која ќе носи промени за средината во која живеат.Со голем оптимизам влегуваме во локалните избори и верувам дека ќе издвојуваме една сериозна победа со повеќе градоначалнички и советнички места. На Македонија и се потребни големи промени во локалната власт и граѓаните тоа го чустуваат.Најважно е тоа да го материјализираат со излегување на избори и поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.