Пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во тема на денот во централниот Дневник на ТВ Сител, рече дека обидите на власта да ја обвинат опозицијата за случајот „Мафија“ е само обид  на власта за политички де фокус и бегање од фактот дека овој скандал негативно влијае врз имиџот на државата.


Фактот дека е потребно институциите на системот посебно правосудството да направат темелна истрага и веројатно ќе дојдат до вистинските одговори. Но, фактот дека се прави во овој момент обид да се обвини главната опозициска партија, која притоа нема никаков удел во раководењето во овој момент на МВР и во најголемиот дел во овој период дури се случувале овие дејствија е само политички де фокус и бегање од фактот дека скандалот, односно овие случувања поврзани со скандалот Мафија се огромен срам за имиџот на Република Македонија и треба да дојдеме до вистинска и темелна истрага која што ќе го даде одговорот, бидејќи прво ова не смееме да дозволиме да се повтори никогаш повеќе, но истовремено треба да знаеме дали некој профитирал од ова и како е дозволено на стотици ваквите поединци да им се вадат македонски патни исправи, смета Муцунски.


Тоа што наши меѓународни партнери помогнале да откријат што се случувало во Република Македонија уште повеќе говори за неспособноста на институциите на системот сами да идентификуваат кога имаме вакви случувања. Што е проблемот во Македонија? Во последните 4 години се култивира еден систем на неодговорност, нетранспарентност, систем каде што вие гледате дека институциите погрешиле, дека институциите не функционираат, но никако политичките чинители кои раководат со тие институции во чие што време се случувале сите овие појави да преземат конкретна одговорност. Се некој друг е крив, се заради некој друг дошло до вакви случувања, а четири години СДСМ и ДУИ се на власт, рече Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.