Доколку секојдневно ги следиме изјавите во јавноста гледаме дека ова мнозинство е сè, само не силно, ова мнозинство кое го има власта е мнозинство кое се базира на тесни интереси или интереси на партијата и пединци. ВМРО-ДПМНЕ не функционира така, рече Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром во вклучување во централните Вести на телевизија 24.

Постулатите на ВМРО-ДПМНЕ за следните 4 годiни се посветеност во борбата против корупцијата, сè до интеграција во ЕУ, а принцип на владеење ќе биде решавање на проблеми на граѓаните, а не тесно политичките интереси, само така може да се стабилизира Македонија, рече Муцунски.

Според него логично е што единствен кандидат за претседател на партијата е Христијан Мицкоски.

Одличниот резултат на локалните избори почна од Мицкоски и тој треба да е и нов премиер на Македонија, кажа Муцунски укажувајќи дека Мицкоски недвосмислено ја заслужува довербата.

Муцунски посочи дека во иднина во партијата ќе има кадри кои имаат искуство во својата професија, дека ќе има спој на различни возрасти и слично.

Важно е да ги имаме најквалитетните кадри. Ние сме подготвени да даваме активен придонес и тоа сите, позицијата која ќе ја имаме како поединци и не е толку важна. Ние повикуваме на масовно обединување во опозициски блок кој ќе ја преземе власта бидејќи истиот има јасна политичка визија, вели Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.