Португалскиот предлог покажа дека се преговара за идентитетските прашања, убеден е Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во интервјуто за „Република“ вели дека според најавите од Софија тој е отфрлен од нивна страна и оти мора да се надеваме дека словенечкото претседателство ќе успее бидејќи многу подобро го познава регионот.

Тој е убеден дека и во Брисел не се комотни поради однесувањето на Бугарија.

Наместо во 21 век кога треба да разговараме за развој, за прогрес, ние разговараме за тематика која што не враќа во 19 век и ги урива еден од основните фундаменти на постоење на ЕУ а тоа е почита кон различностите и различните култури и јазици. На голем тест продолжува да биде и кредибилитетот на ЕУ. Затоа се свени и во ЕУ бидејќи и Бугарија е далеку од исполнување на тие стандарди и продолжува да ги урива. Треба сериозно преипитување за својата позиција и од новата влада во Софија и да се уверува дали ова однесувње носи прогрес на регионот или го назадува и создава лоша пракса за процесот на прошурување. Овие локални избори можат да бидат и силен мотивирачки фактор за предвремени парламентарни избори.Успехот ќе го отвори патот-смета Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.