Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа рече дека е добро што дојде до договор за пописот.

„Одлагањето е триум на граѓаните. Тие дадоа поддршка и излегоа повеќе од 100 илјади граѓани се потпишаа за одлагање. Одложувањето само значи дека нема да има дополнителнио проблеми. А ние сме благодарни на над 100 илјади граѓани кои дадоа поддршка“, рече Муцунски. Според него власта виде дека не моѓе сама. „Видоа каква е ситуацијата, а правеа лажна еуфорија и триумфализам. Сепак сфатија откако согледаа каква е ситуацијата каков хаос е во државава. Оттука сфатија дека без дијалог со најголемата партија не можат да ги решаваат проблемите“, кажа Муцунски. Генералниот секретар рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е партија која блокира процеси од државен интерес. Говорејќи за фингерпринтот, Муцунски рече дека сите се осгласија дека ова треба да биде императивно. „За да се избегнат злоупотребите ова е неопходно. Ова е начин да се спречи изборна кражба и измама“, рече Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.