Најдоцна до петок ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе ја поднесе резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на земјата и одредување на црвените линии, најави пратеникот Тимчо Муцунски.

-Укажуваме на недозволивоста и неприфатливоста за екслузивно присвојување на историјата идентитетот, традициите и каков било облик на хегенозима, без оглед на тоа од каде доаѓа, изјави Муцунски.

Цениме, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, дека оваа резолуција треба да биде прифатена со консензус на сите пратеници затоа што тоа е еден долг кон граѓаните.

-Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи на рамноправен и принципилена основа и во прилог на забрзување на нашите евроинтеграциски процеси, смета Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.